Вардар вечерва против Загреб во „пеколот“ на Арена

Македонскиот шампион Вардар вечерва од 20:30 часот гостува на ППД Загреб во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Двата тима во европските купови се сретнале десет пати. На последните четири натпревари од Лигата на шампионите, „црвено-црните“ запишаа 3 победи. На вкупно четири натпревари, македонскиот тим победувал, а петпати подобар бил тимот од главниот град на Хрватска.
Сергеј Горбок и Владо Недановски нема дабидат достапни за тренерот Роберто Парондо, но во екипата се враќа и Вуко Борозан.

-Секогаш очекуваме нешто ново. Кога е само еден меч, тогаш се фрла се на тој натпревар. Работиме и ние, се подготвуваме, но не е исклучено дека ќе има нешто плус, и од страна на нашиот ривал. Нормално е да има притисок зашто сакаме да играме во четврт-финалето на ЛШ. Сега не смееме да направиме грешка и мораме да бидеме подобри од Загреб, изјави тренерот на Вардар.

Дуелот вечерва помеѓу македонскиот и хрватскиот тим е прогласен за меч на неделата. ППД Загреб на средбата со медиумите се пофали дека интересот е голем за овој натпревар и дека салата е распродадена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мултифункционален, штедлив – минијатурен дом на тркала – Што уште да се посака?

First Light Studio ги здружил силите со локалната компанија Build Tiny и го изгради ова …