(ФОТО) Едноставно:Чоколадна, непечена торта, на кралицата Елизабета!

Чоколадната торта има многу малку состојки и не се пече, што ја прави одличен избор за оние кои не се снаоѓаат најдобро во кујната. Оваа едноставна но „бомба“ торта е омилен десерт на принцот Вилијам и неговата баба, кралицата Елизабета.
Британската кралица,открива кралскиот „шеф“ и бивш личен готвач на Елизабета II, Дарен МекГрејди, го обожува овој десерт, а тоа е воедно и најмил колач на нејзиниот внук, принцот Вилијам.
Потребни состојки:
120 г путер
120 г шеќер
120 г црно чоколадо
1 јајце
220 гбисквити
Глазура; 240 г чоколадо
Подготовка:калапот за торта со обем од 20. сантиметри намачкајте го со путер. Бисквитите рачно искршете ги да бидат со големина на бадем, отприлика.
Во поголем сад путерот изматете го заедно со шеќерот додека не добиете еднолична пенеста смеса. На пареа истопете 120 г. чоколадо и додајте во смесата со путер, со постојано мешање. Потоа додајте 1 јајце и се’ заедно изматете, убаво да се поврзе.Во чоколадната смеса додајте ги парчињата бисквити, измешајте и префрлете во калапот. Израмнете и префрлете, барем на три часа, во фрижидер.
Во меѓувреме истопете го чоколадото за глазура и намачкајте на превртениот колач. Тортата оставете ја на собна температура додека глазурата не се излади и стегне.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …