(ФОТО) Диета со кисело млеко: За 10. дена можете да истопите 5. килограми

Со помош на оваа диета можете да истопите и’ до пет килограми за десет дена. Сепак, имајте предвид дека станува збор за рестриктивна диета и не би требало да ја држите подолго од 14. дена. По извесно време можете да ја повторите, се препорачува после еден или два месеци…
Киселото млеко е исклучително корисен производ што ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага при исфрлањето на отровите од организмот и го поттикнува метаболизмот.
Додека ја држите диетата со кисело млеко, се препорачуваат следниве производи:

природно кисело млеко – 500 грама дневно
овошје – до 300 грама дневно (освен грозје, диња и лубеница поради големата количина на шеќер што ја содржат)
месо – до 100 грама дневно (риба, пилешко и мисиркино, со отстранета кожичка и маснотии)
зеленчук (плодови) – до 300 грама дневно (домати, трупки, краставица, пиперка…)
зеленчук (зелјест) – до 300 грама дневно (зелена салата, кељ, зелка, рукола…)
Количината на кисело млеко што ќе ја користите во поединечни рецепти зависи од вашата желба и вкус. Важно е да изедете 500 грама кисело млеко дневно, а како ќе го распоредите во оброците, останува на вас.

Пример за еднодневно мени

Појадок: желе од кисело млеко и малини, шолја зелен чај или шолја чист сок од портокал.
Ручек: шолја топол растителен чај, ладна супа направена од кисело млеко и краставица исечкана на ситни парчиња, 100 грама варено месо, салата од краставици, домати и зачини, кисело млеко по желба, чаша топла лимонада (без шеќер)

Попладневна ужина: домати со кисело млеко. Во киселото млеко додајте малку сенф, малку сол и кратко измешајте во блендер.
Вечера: шолја топол растителен чај, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада без шеќер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: Денеска се регистрирани 27. нови случаи на Ковид 19 – 19. лица ја загубија битката

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …