(ВИДЕО) Освоил 71. милион фунти и бара жена:„Знам дека не сум згоден јас туку мојот паричник!“

Добитникот на лотаријата EuroMillions, кој освоил 71. милион фунти соопштил дека сега бара партнерка…
Ејд Гудчајлд (58) после среќната добивка ја напуштил работата во фабриката, а планира со парите да патува по светот, меѓутоа, за тие авантури бара партнерка.
Тој вели дека е свесен дека ќе го „напаѓаат спозоруши“, бидејќи неговиот паричник станал „атрактивен во текот на нокта“.
„Никој со кого не можев да бидам ниту пред добивката не доаѓа предвид, бидејќи јас не станав атрактивен преку ниќ туку само мојот паричник“, рекол добитникот.
Додал и дека не е глупав, но дека парите ќе го променат.

„Не сум еден од оние добитници кои велат дека парите не можат да ги променат. Секако дека ќе ме променат и едвај чекам!За мене повеќе нема работи по смени. Сакам да патувам да си најдам убав дом, одам на спортски настани и да пробам нови работи“, додал тој.
Гудчајд вели дека прво погрешно видел дека освоил 71.000 фунти, а потоа сфатил дека станува збор за милиони.Веднаш им јавил на родителите кои биле во шок. Тој е единец, а родителите цел живот работеле за него и сега планира да им се оддолжи. Им порачал да потрошат се’ што заштедиле.
„Тато работеше макотрпно, често прекувремено, за да јас имам нешто за во иднина. Сега повеќе не мораат да работат ниту да штедат“, рекол тој на претставувањето.

Извор: Daily Mail

Подготви и превод: Г.О:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за петок, 18.06.2021: Ако добивате „лош сигнал“, важно е да се тргнете настрана и да почекате подобра можност…

Овен Љубов: Не дозволувајте нечие однесување да ве испровоцира на погрешна емоционална реакција. Бидете потрпеливи …