(ФОТО) Славниот глумец се смирил со 20. години помладата сопруга: ’И простил што премногу троши!?

„Дали е доволно јасно?“, ги прашал Дениз пријателите и им појаснил дека и понатаму е во љубов со манекенката. Чудно е што Озџан нема среќа во љубовта кога многу жени го нарекуваат „фатален“…
„Немам среќа во љубовта. Тоа никако не го совладав. Можам само да кажам дека повеќе нема да верувам дека со некого ќе останам засекогаш“, рекол своевремено турскиот глумец Озџан дениз (46) па се оженил по втор пат.
И тоа со манекенката Фејза Актан (26), но трачевите упатувале на тоа дека бракот на потрајал ниту една година. Турските медиуми пишувале дека двојката се разишла бидејќи Фејза почнала неконтролирано да троши. Дениз имал „железни нерви“, но како сметката во банката се намалувала така во него се зголемувал бесот. И ги затворил сите сметки и и дал само една картичка која може директно да ја контролира. Секако, Фејза била налутена од тој потег па почнала расправиите. Иако глумецот тврдел дека не е вистина и дека бракот и понатаму им е складен, пред три месеци се преселил во хотел.

Сепак, се чини дека Дениз одлучил на бракот со 20. години помладата сопруга да му даде втора шанса. Ги запрел гласините за развод и објавил нова фотка се Фејза.
„Дали е се доволно јасно?“, ги прашал Дениз следбениците на Инстаграм и им појаснил дека и понатаму е во љубов со манекенката.
Тоа се одвивало поинаку отколку после крахот на првиот брак со глумицата Хандан Дениз. Тогаш немало втора шанса, а после разводот живеел со постариот брат и снаата. Со Хандан бил во брак десет години, но никогаш не оформиле семејство, што, се чини, му пречело на глумецот.
„Секако дека сакам да имам дете. Но, сакам некој кој ми одговара. Некој кој има вера. Не зборувам само за вера во Господ. Мислам на вера воопшто. Некој кој верува во семејство, во својата работа, во љубов, во иднина. Има луѓе кои не веруваат во ништо. Живеат според моменталното чувство. Со нив не можам“, раскажал после првиот развод. Иако не му подарила дете, останале во добри односи и за неа има само убави зборови.

„Хандан е извонредна глумица и беше партнерка со која најдобро се согласував. Ние двајца минавме многу години заедно, ми беше вистинска поддршка, како и јас на неа. Едноставно, нашиот живот тргна во различни правци. И покрај тоа и понатаму изклучително многу ја ценам“, рекол глумецот. Документите за развод ги потпишале во 2000., а до 2018. се забавувал на свој начин. Иако не водел активен ноќен живот, често, признава, во својот кревет доведувал разни жени и имал авантури за една ноќ. Меѓутоа, тоа со годините му здодеало па почнал да размислува за улогата на татко.

„Сними филм, сними серија, сними албум, оди на турнеја…сето тоа ме правеше мнолгу среќен. Но, сега веќе се повторувам. Морам да пронајдам нешто ново. Барам нови возбудувања и искуства. Можеби поради тоа сакам да основам семејство. Не знам како е тоа. Дали е добро или лошо? Дали е проблем или нешто прекрасно? Сакам тоа да го искусам“, рекол своевремено глумецот. Тогаш на ред дошла неконтролираната Фејза. Се сплеткале, венчале а детето дошло со заветите. Малечкиот Кузеј има 11. месеци, а после раѓањето Озџан рекол дека едвај го дочекал.

„Да се има потомок е достигнување. Мојот син ми е решение за сите тмурни денови и проблеми. Едвај чекам да почне да зборува и да трчка по мене па да бидеме главни во паркот. Тој е сега смислата на мојот живот“, рекол тогаш.
Многумина после крахот и на вториот брак почнале да нагаѓаат дека Дениз се оженил со Фејза само за да добие наследник. Меѓутоа, и манекенката до некаде имала своја корист.
„Едвај чекаше да му роди дете и да почне да се однесува како што сака. Но, тој тоа повеќе не може да го трпи. Жал ми е што му се случило ова бидејќи веќе има еден развод зад себе. После тоа внимателно избираше со кого ќе го помине животот, но се чини дека згреши“, рекол пријател на глумецот среде трачевите за разводот.

Чудно е што Озџан нема среќа во љубовта кога многу жени го нарекуваат „фатален“ и редовно ги следат сериите во кои тој глуми. Дениз открил и зошто им е толку драг на жените.
„Близок сум им. Можат да ме видат како постар брат, татко, вујко…Никому не сум му странец ниту по однесувањето ниту по карактерот. Им се допаѓам бидејќи сум искрен и топол. Не ги лажам луѓето. Многу набљудувам каде работите лошо се одработуваат“, раскажал глумецот.
Сепак, откако се ожениул и добил син, јавноста и понатаму аборува за неговите хомосексуални склоности.
„Секој пат кога ќе се обидам да договорам на тоа прашање таа тема би била надуена до невидливи размери. Дали е такво нешто можно да се докаже?Тоа се празни приказни. Освен тоа, станува збор за чувствителна тема која е како медал со две страни. Би требало да одговорам на начин кој не би ја навредил геј заедницатаа притоа да не упаднам во мачистичките приказни. Еве, да ги задоволам сите можам само да кажам дека не сум хомосексуалец“, се оправдал Дениз.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Фати забава со LISCA и #MyLiscaVibes го размрдаа Охрид

Викендов на Golden beach во Охрид,познатиот бренд Lisca организираше дружба под името „Фати забава со …