(ВИДЕО+ФОТО) Проклетстово на пол позицијата продолжува: Ботас го зазеде тронот на стартот на новата сезона на Формула 1

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, победи во првата трка на годинешниот шампионат на Формула 1 за Големата награда на Австралија во Мелбурн.
Ботас веднаш на стартот го обиколил тимскиот колега Луис Хамилтон и водел од почетокот се до крајот и ја остварил четвртата победа во кариерата, и покажал дека „проклетството“ на пол позицијата продолжува – тој што е најдобар на квалификациите да не победи на трката во Мелбурн.

Финецот имаше доминантно издание, поведе уште во првиот свиок по одличниот старт, и не дозволи неговата позиција да биде загрозена во ниту еден момент.
Тој притискаше до самиот крај, па покрај тоа што победи со 20. секунди предност, стигна и до максимални 26 поени откако го забележа најбрзиот круг.
Зад него, Луис Хамилтон финишираше како втор, а последното место на пиедесталот му припадна на Макс Верстапен, кој покажа дека партнерството на Ред Бул и Хонда може да понуди многу оваа сезона.
Премиерната трка се покажа како големо разочарување за Ферари. Откако тимот од Маранело беше извонреден на тестовите, Фетел денеска не можеше да го следи темпото на ривалите и заврши речиси една минута зад победникот. Слична беше и ситуацијата на Шарл Леклер кој финишираше како петти.
Во бодови денеска уште завршија и Магнусен, Хулкенберг, Раиконен, Строл и Квјат.

Наредната трка во шампионатот на програмата е на 31. март за Големата награда на Бахреин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Ѕвезда на „Игри на троновите“ морала драстично да го промени изгледот и да ослабне за новата улога

Се емитува последната сезона на „Игри на троновите“ и фановите веќе го оплакуваат завршувањето на …