(ВИДЕО) Формула 1 – Големата награда на Австралија: Фетел и Ботас се заканувале но пол позиција за Луис Хамилтон!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја осови пол позицијата на првата трка на сезоната за Големата награда на Австралија, пред тимскиот колега Балтери Ботас.
Актуелниот светски шампион најбрзиот круг го извел во време од 1:20.486 и така ја потврдил континуираната доминација од претходните тренинзи.Тој ова време го одвезол во последниот круг, кога го претекнал тимскиот колега Валтери Ботас за само 112.илјадити делови.

Иако се заканувале и покажувале поголем степен на конкурентност за време на квалификациите возачите на ферари не можеле повеќе од третото место, Себастијан Фетел, и петото на Шарл Леклер, кој дури и’ повеќе ги загрозувал Сребрените стрели во текот на Q1 и Q2.Помеѓу нив во последниот момент на квалификациите се втурнал Макс Ферстапен.

Зад првите петмина, кои се во рамките на една секунда, следат Магнусен, Грожан, Норис, Кими Раиконен и Серхио Перес.

Трката за големата награда на Австралија се вози во недела од 06. часот со директен пренос на ТВ24.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …