(ВИДЕО) Федерер директно во финале: Надал се повлече од полуфиналето во Индиан Велс поради повреда на коленото

Рафаел Надал вчера, на Мастерсот во Индиан Велс,со голем напор го победи Карен Хачанов со 2:0 (7:6, 7:6), но тоа се одрази на неговото десно колено.
Во текот на натпреварот Рафасел Надал се обиде сам да ја санира повредата но повика физиотерапевт,во два наврати, и некако успеа да го заврши мечот и да победи.
Сепак, се чини дека по оладувањето на коленото Надал сфатил дека повредата е поголема отколку што тој мислел па денес на почетокот на првото полуфинале помеѓу Милош Раониќ и Доминик Тим соопштил дека се повлекува.

Така, Роџер Федерер се пласира директно во финалето и го очекува победникот од првото полуфинале.
За Рафаел Надал ова е стара повреда поради која повеќе месеци отсуствуваше од тениските терени, но останува да се види какви ќе бидат прогнозите,по неколку дена, за продолжување на оваа сезона. Но,очигледно е дека се’ повеќе повреди го следат Надал кој покрај оваа имаше повреда на зглоб, стомачни мускули, мускул на бедрото…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) МОЌЕН СОК ОД КРАСТАВИЦА: Напиток кој ќе ве разлади и ослободи од токсини!

Сокот од краставица ќе ви помогне да се разладите во жешките летни денови. Сокот од …