Дневен хороскоп за петок, 15.03.2019:Позитивен аспект кој во прв план го истакнува разговорот, добра комуникација и длабоко размислување за блиските, како да им се помогне, како да им се доближите…

Овој петок Сонцето влегува во коњукција со Меркур, а како и секоја коњукција, и оваа е всушност завршување на еден период, финиш. Сонцето и Меркур во еден момент ќе се сретнат за да потоа понатаму продолжат по своите патеки…
Ова е еден позитивен аспект кој во прв план го истакнува разговорот, добрата комуникација на деловен план, а на приватен – длабоко размислување за блиските, како да им се помогне, како да им се доближите. Со енергијата на Водолија овие мисли се обоени со хуманост и добрина.
Овој ден на многумина ќе им донесе убави вести. И самите ќе имате големо влијание на тоа.
Уживајте во овој убав и активен ден!

Овен
Работа
Не дозволувајте некој да го преувеличува вашиот неуспех или да ве казни за неплатени
сметки. Средбата со еден колега ќе делува како непријатна ситуација.
Љубов
Заборавете на некои необични или авантуристички идеи кои можат да ви ја комплицираат
љубовната врска и мирен сон. Не секој предизвик е вреден за ризик.
Здравје
Вие не сте во кондиција.

Бик
Работа
Ако сакате да ги покажете вашите интелектуални или практични вештини,пронајдете си и
соодветен ривал.
Љубов
Можеби средбата со една личност целосно не го претставува вашиот сон за голема среќа,
но дефинитивно најавува некое интересно искуство и серија нови пријателства во
емотивниот живот.
Здравје
Одлично.

Близнаци
Работа
Понекогаш вашето самоволие во справување со соработници или прекумерна енергија во постапките делуваат иритирачки кон околината. Затоа ве следат негативни коментари.
Љубов
Партнерот нема доволно разбирање за вашите емоционални потреби, па затоа не обрнува посебно внимание на вашето негодување или нерасположение.
Здравје
Потребен ви е одмор.

Рак
Работа
Ако сте сигурни во вашата бизнис визија, нека не ве убедуваат во спротивно решение или некој да се спротивставува на вашата волја. Потребна ви е нечија поддршка.
Љубов
Важно е да делувате доволно инспиративно за вашиот партнер. Во љубовна врска ништо не препуштајте на случајот.
Здравје
Премногу сте напнати.

Продолжува на следната страна…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Лицата родени во овој знак најтешко велат „Те сакам“

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …