(ФОТО) Татко пишува книга за деца за да синот, пред смртта, го претвори во супер херој:„Џексон ја загуби насмевката но е среќен кога му читам!“

Откако Дарен Гервуд слушнал ужасни вести за здравјето на својот син, одлучил да направи нешто малечкиот засекогаш да биде запамтен…
Со само девет месеци на Џексон Гервуд му била дијагностицирана Крабеовата болест која предизвикува заостанатост, парализа, слепост, глувост и псеудобуларна парализа.На неговите родитлеи им било кажано дека веројатно нема да го доживее вториот роденден.
Дарен одлучил својот син да го претвори во супер јунак па до сега напишал и објавил десет книги за својот син Џексон.

Gepostet von Darren Garwood am Sonntag, 17. Februar 2019

„После дијагнозата нашите животи се урнаа. Ни беше кажано дека нема да го дочека вториот роденден. Сакав да заспијам и никогаш да не се разбудам, но сопругата Ребека ме убеди дека морам да бидам тука поради Џексон“, раскажува Дарен.
Болеста на малечкиот Џексон му предизвикува гушење и напади и му влијае на губењето на развојните и моторички вештини.
Џексон до деветтиот месец се развивал нормално, а потоа престанал да напредува и почнал да ги заборава веќе усвоените вештини.Повеќе не можел сам да јаде ниту да седи.
„Одлучив да почнам да пишувам за суперхеројот Џексон бидејќи, иако можеби не може многу нешта, читајќи му, му овозможувам да мечтае“, додал Дарен.

Jackson Superhero might not be a real name, but it is a story about a real boy, and as the name suggests, Jackson is far…

Gepostet von Darren Garwood am Mittwoch, 12. Dezember 2018

Но, Џексон ги надминал очекувањата на лекарите и веќе го прославил својот петти роденден.
„Слушнавме за едно дете кое успеало да проживее до својата осма година иако оваа болест е ретка и не постојат многу истражувања. Џексон поради болеста ја загуби насмевката, но е среќен кога му читам.Можеби никогаш нема да прооди, но поради моите приказни трча маратон во сон. Сакам да знае дека сите сме тука за него и дека зад него ќе остане трага“, заклучил тато Дарен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(Рецепт) РУСКА МЕДИЦИНА – Ослободете се од дијабетесот без лекови: Природен рецепт кој ја исфрлува болеста од вашето тело!

Ако редовно го користите овој природен лек, шеќерот во вашиот организам ќе биде под контрола… …