(ФОТО) Ова се први знаци за рак на дебелото црево: Бидете внимателни со вториот најраспространет рак!

Ракот на дебелото црево е втора по ред водечка причина за смрт поради малигни болести во развиените земји,а четврта во светот, тврдат стручњаците, и покрај фактот дека оваа болест може да се излекува со хируршка интервенција, ако дијагнозата е поставена во раната фаза.

Ракот на дебелото црево претставува втора по ред причина за смртност поради малигни болести (кај мажите после ракот на белите дробови,а кај жените после ракот на дојка). Моменталните терапии за оваа малигна болест вклучуваат операција, кемотерапија, биолошка терапија и зрачење.

За жал, симптомите за рак на дебелото црево можат да бидат нејасни или лесно можат да се измешаат со други состојби. Токму поради тоа од голема важност е да се направи колоноскопија, флексибилна сигмодоскопија и испитување на окултното крварење, особено ако станува збор за високоризична група.
На појавата на рак на дебелото црево можат да влијаат генетски предиспозиции, но и други фактори како што се нездрава исхрана, дебелина, конзумирање алкохол, пушење.
Поради сето тоа треба да се храните здраво бидејќи со здравата исхрана ќе спречите, но и излекувате многу болести.
Ако ракот на дебелото црево се открие порано и лекувањето започне веднаш, тој може да се излекува.

Симптоми кои укажуваат на можен ризик од рак на дебелото црево.
1. Замор

Еден од главните симптоми на рак на дебелото црево е заморот, ако зборуваме за напредувана фаза на болеста.Секако, заморот е симптом кој може да биде поврзан со илјадници тешкотии и болести, но ако исто така чувствувате губење здив и слабост, анализирајте ги и другите можни сиптоми.

2. Анемија

Ниското ниво на хемоглобин во крвта може да биде симптом на рак на дебелото црево, а обична крвна слика може да открие дали сте анемични или не. Видливи показатели на анемијата се бледи непца, чувство на трнење во рацете и нозете и замор.
Ако вашиот лекар открие дека имате ниско ниво на хемоглобин, се препорачува да се спроведе колоноскопија и преглед на гастроинтестиналниот тракт.

3. Крвава „столица“

Крвта во изметот може да биде последица на хемороиди, фусери, крвав полип (кој во правило претходи на рак на дебелото црево) или за некој друг здравствен проблем. Битно е никогаш да не претпоставите за што станува збор и да го игнорирате присуството на крв во столицата, независно за кое количество станува збор.
Ако присутната крв е светло црвена, веднаш јавете се кај лекар за преглед.

Освен тоа, обрнете внимание и на:
– Чести проливи
– Можно е постојано да имате „затвор“, опстипација
– Мачнини
– Повраќање
– Столица со дебелина на молив
– Губење на апетит
– Нагло губење килограми

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО Галерија) Маја Кикириткова ја претстави својата нова колекција “Елеазар”, како и новото модно ателје

Модната дизајнерка Маја Кикириткова, оваа сабота во присуство на медиуми и пријатели ја престави својата …