Семејната бајка од Тоскана „Море од жито“ во домашните киносали

„Море од жито“, семејната авантура поставена во волшебните ридови на Тоскана од денеска (14 март) почнува да се прикажува во киносалите ширум републикава.

Станува збор за филм од новата италијанска продукција (2018). Режијата е на Фабрицио Гвардучи и трае 81 минута.
Прекрасниот пејсаж на Тоскана е идеална позадина за оваа приказна за безвременско пријателство. Филмот раскажува за односот помеѓу три деца: Адам, странец без семејство, Аријана и Мартино, како и Пина, неговата неразделна патка. Преку нивните очи гледачите го гледаат светот на едноставен и во исто време чист начин, полн со предлози и магија.

Осумгодишниот Адам се качува по брда и се спушта по долини во околината на Тоскана, додека не стигне до едно мало гратче во близина на Сиена. Таму ги запознава Аријана и Мартино, кои ќе го придружуваат во неговата авантура и заедно ќе отпатуваат до морето, местото каде што Адам се надева дека ќе ги најде своите родители. Трите деца, заедно со патката Пина, неразделното милениче на Мартино, ќе ги одведат гледачите на едно авантуристичко патување полно со емоции, во кое протагонистите ги преживуваат народните приказни од нивното детство.
Компанијата „КТ Филм и Медиа“ е дистрибутер за Македонија, а дистрибуцијата во земјава е помогната од страна на Националната асоцијација на аудиовизуелни и мултимедијални филмски здруженија АНИКА.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Американците направиле мини серија за Чернобил – премиерата во мај!

Новата историска драма „Чернобил“ на 6. мај ќе има своја премиера на американската ТВ мрежа …