ОК Вардар порачуваат дека е време за нови победи и успеси

Билетите за ОК Вардар – Шутова во продажба на https://mktickets.mk

На 17-ти Март 2019 со почеток од 18 часот во Спортската сала “Градски Парк” во Скопје, тимот на Одбојкарскиот клуб Вардар ќе ги одмери силите со Шутова.

Тие ги повикуваат сите љубители на спортот да ги поддржат младите и идни надежи на македонската одбојка за да ги охрабрат да дојдат до победа и да се доближат скалило погоре до освојување на шампионската титула.

Од ОК Вардар истакнуваат, „Даваме сѐ од себе на теренот и надвор од него, борејќи се со секој скок и чекор. Се надеваме дека таа наша борба ќе ја видат што поголем број на луѓе, посебно оваа недела.”. Според нив време е за нови победи и успеси.

Заинтересираните можат да ги купат своите билети онлајн на https://mktickets.mk за симболична сума од 50 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

6. тајни на успешно слабеење: Само вака неповратно ќе ги загубите килограмите!

Поради тоа е важно да ги знаете овие рпавила пред да јазапочнете борбата со губењето …