(ВИДЕО) „Исмејувањето“ на Вил Смит поради падот на Инстаграм собрало милион лајкови!

Потполниот колапс на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАпп вчера „дотепала“ негови бројни корисници. Колку, најдобро покажал глумецот Вил Смит.
Откако сфатил дека Инстаграмот му проработел после неколкучасовна блокада, снимил видео со својата реакција:

View this post on Instagram

Instagram: Back online. ⁣ ⁣ Me:

A post shared by Will Smith (@willsmith) on

Неговата снимка е прегледана пет милиони пати, а на секој петти преглед му дошол по еден лајк па ги собрал повеќе од милион.
Да потсетиме, вчера на Фејсбук, со часови не беше можно ништо да се објави, да се закачат медиски написи или апдејт на статуси, на Инстаграм доаѓало до проблеми при рефрешот, но и испраѓање пораки, токму како и на Месинџер. WhatsApp им јавувал проблем на сите кои се обидувале да испратат медиски запис, односно фотографија или снимка.
И покрај тоа, на Твитер многумина убаво се забавувале на сметка на присилното враќање на времето без Фејсбук и Инстаграм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Американците направиле мини серија за Чернобил – премиерата во мај!

Новата историска драма „Чернобил“ на 6. мај ќе има своја премиера на американската ТВ мрежа …