(ВИДЕО) Гестот на Роналдо од полувремето поради кој соиграчите го обожуваат!

На Јувантус можела да му помогне само магијата на кристиано Роналдо со помош на која со последниот воз се пласирал во четирифиналето на Лига на шампионите.
Атлетико Мадрид „ги скршил“ во Шпанија со 2:0, а тогаш брилијантниот Португалец на својата стара муштерија и дал три гола и по којзнае кој пат покажал дека е човек за најголеми предизвици.

„Па Јувентус за тоа и ме донесе“, рекол после хет трикот против Атлетико и сосема е во право.
Роналдо во кариерата освоил пет Лиги на шампионите, Јувентус две во историјата, последната во 1996. Португалецот пристигнал во Торино да го прекине тој пост и прави се за да ги убеди своите соиграчи дека се способни за тоа.
Како што на полувремето на натпреварот против Атлетико кога во тунелот на Алианз Стадиум неколку моменти пред излегувањето на теренот при 1:0 за Старата дама ги храбрел соиграчите.

И тоа така што им приоѓал на сите,еден по еден и секому индивидуално му давал доза на охрабрување. При тоа стасал да разговара и со судијата за поништувањето на голот на Челини во почетокот на натпреварот.
Роналдо, без никакво сомневање, е човек кој најмногу се слуша во соблекувалната на Бјанконерите. Неговите соиграчи во скоро секое интервју ги истакнуваат неговата понизност, работни навики и фактот дека идеално се вклопил во новото окружување.

Извор: youtube.com/Balas Bulscu

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Ѕирнете во гламурот на „кралската небеска палата“: Ова е најлуксузниот авион на светот!

Пред пет години „Four Seasons” ја дизајнирал луксузната атракција „Private Jet Experience”. „Кралската палата на …