(ВИДЕО) Во израелската престолнина постојат „зомби семафори“ – еве зошто служат!

Тел Авив ги презел првите чекори да им помогне на пешаците на кои вниманието им го одземаат мобилните телефони, вградувајќи сигнални ЛЕД светла на пешачките премини.
Општината на Тел Авив оваа недела инсталирала „зомби семафори“ за да се намали опасноста возилата да налетаат на невнимателните пешаци на премините.
Томер Дрор од општината Јафа на Тел Авив, задолжжен за управување со сообраќајот, рекол
дека целта е да се намалат несреќите кои ги предизвикуваат „пешаците премногу
концентрирани на своите мобилни телефони, а помалку на сообраќајот околу нив“.
Слични системи веќе се користат во Австралија, Сингапур и Холандија. Засега, светилките
се вградени само на една раскрсница во централниот дел на тел Авив, но општината планира да ги постави и на други места ако се покажат корисни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Ѕирнете во гламурот на „кралската небеска палата“: Ова е најлуксузниот авион на светот!

Пред пет години „Four Seasons” ја дизајнирал луксузната атракција „Private Jet Experience”. „Кралската палата на …