(ВИДЕО+ФОТО) Ова е мајката монструм која ја изгладнувала и запоставила петгодишната ќерка: Ирина Гарашченко и понатаму тврди дека си ја сакала ќерката и дека ќе се бори за неа!

Ирина Гарашченко (47), мајка на девојчето „Могли“, како што медиумите ја нарекле петгодишната московјанка која властите ја спасиле од станот полн со ѓубре и лебарки, се појавила на суд и и’ бил одреден двомесечен притвор.
На Гарашченко и се суди за обид на убиство на малолетно лице кое се наоѓа во беспомошна состојба.

Оваа мајка монструм на сослушувањето изјавила дека целата ситуација околу нејзината ќеркичка и неа е провокација. Упорно тврдела дека не направила ама баш ништо што би можело да го загрози животот на нејзината ќеркичка.

„Таа беше во добра состојба, не знам што се случило. Ова може да биде нечија провокација. Сакам тоа да го објаснам, но прво би морала да влезам во станот… Не го видов заклучокот на докторот, само сакам да објаснам што се случило“, упорно си го терала своето мајката.

Во меѓувреме лекари и стручњаци се обидуваат да го опорават и социјализираат девојчето, малечката Љубов, како што ја нарекле. Детето пристигнало во болница прегладнето, премрзнато, болно, неразвиено, со ѓердан враснат во нејзиниот врат.

Веднаш констатирале дека не знае да зборува туку само произведува гласови, дека се плаши од вода, не знае што е кревет…

„Овошје и друга храна што и понудивме, прво помириса. Дури потоа зема со прстињата. Беше многу вознемирувачки да се гледа тоа. Никој не ја научил да спие во кревет. Многу се мачевме додека воопшто ќе успеевме да ја заспиеме. Многу се плаши од вода“, раскажала за Sky News, правобранителката за деца Ана Кузњецова.
Од болницата ги објавиле и првите фотографии на малечката Љубов.

Да потсетиме, полицијата во станот на улица „Ленинградски пат“ влегла на 10. март на повик на соседите, вознемирени што од тој стан со денови допирал очаен детски плач, но и неиздржлива смрдеа. Запуштеното девојче седело на брдо ѓубре кое гниело и плачело од глад. Откако полицијата го спасило девојчето, мајката се вратила, а соседите ја задржале до доаѓањето на полицијата. Обвинета е за обид на убиство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Американците направиле мини серија за Чернобил – премиерата во мај!

Новата историска драма „Чернобил“ на 6. мај ќе има своја премиера на американската ТВ мрежа …