(ФОТО) Во Македонија првпат изведена „хибрид операција“:Спасено бебе од три килограми родено без левата страна од срцето!

Хибрид операцијата е направена во клиничката болница „Жан Митрев“ од страна на доктор Владимир Чадиковски и доктор Жан Митрев…
Во Македонија по првпат е изведена хибрид операција кај бебе, тешко три килограми, со хипопластично леви срце, кое претставува најтешка мана во детската возраст. Бебето во моментов се опоравува од интервенцијата и се стабилизира за главната интервенција која се прави неколку месеци од хибридната процедура.
„Хибридната интервенција се изведува на тој начин што се аплицира стент на артериозниот дискус, а после 48. часа се бендираат (стеснуваат) пулмоналните артерии што носат крв во белите дробови“.

Хибрид операцијата е направена во клиничката болница „Жан Митрев“ од страна на доктор Владимир Чадиковски и доктор Жан Митрев, додека интервентниот кардиолошки дел бил доверен на д-р. Вилма Ампова.
Хипопластично лево срце претставува вродена срцева мана кај која постои отсуство на целото лево срце, поточно, постои недостаток на левата комора, левата преткомора и аортата.

Извор:pedijatar.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

6. тајни на успешно слабеење: Само вака неповратно ќе ги загубите килограмите!

Поради тоа е важно да ги знаете овие рпавила пред да јазапочнете борбата со губењето …