„Интервју со вампирот“ наскоро станува ТВ серија

Стриминг каналот „Хулу“ најавил нова серија заснована на култниот филм „Интервју со вампирот“ (“Interview With The Vampire”),чие снимање ќе почне подоцна оваа година.
Во филмот од 1994. година, базиран на романот на Ен Рајс „Интервју со вампирот“ од култниот серијал „Вампирски хроники“ (“Vampire Chronicles”), главните улоги ги толкуваа Бред Пит и Том Круз.
Со 11. книги „Вампирски хроники“, колку што Рајс има на располагање, сигурно нема да недостасува материјал за серијата. Книжевницата претходно изразила намера да почне со адаптација на романот „The Vampire Lestat”,но сеуште не е сигурно дали останала на таа идеја.
Продуцентка на овој проект ќе биде Ди Џонсон, а допрва треба да се потврди дали некој од претходните актерски поставки ќе глуми во серијата, иако се чини малку веројатно дека Пит и Круз ќе прифатат предизвик повторно да ги флумат главните улоги.
Се очекува снимањето да започне овој септември во Будимпешта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Ѕирнете во гламурот на „кралската небеска палата“: Ова е најлуксузниот авион на светот!

Пред пет години „Four Seasons” ја дизајнирал луксузната атракција „Private Jet Experience”. „Кралската палата на …