(Рецепт) Спанаќ, морков и киви го чистат организмот од никотин

Брз и здрав начин пушачите да го исчистат своето тело од никотин е да јадат што повеќе здрави намирници.
Доколку редовно се конзумираат морков, зелен чај, спанаќ, киви, лимон, портокал, брокула, карфиол, бриселски зелкички и зелка, можат да помогнат од телото да се исфрли штетниот продукт од цигарите.

Зелен чај
Со пушењето телото ја губи потребната течност и организмот многу побргу доаѓа во состојба на дехидрација. Испивањето големо количество домашна витаминска вода: два литри вода со лажичка рендан ѓумбир, една краставица,лимон и 12. ливчиња нане, и зелен чај преполн со антиоксиданси го измивате никотинот од телото.

Морков
Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од оваа грда нуспојава на пушењето јадете што повеќе моркови. Таа содржи големо количество витамини А, К, Ц и Б кои се главни чистачи на телото. Морковот исцедете го во соковник помешан со јаболка и лимон или ставете во салата.

Спанаќ
Фолната киселина е многу важна за нормална работа и развој на телото, но исто така му помогнува на телото да се ослободи од никотинот. Големите количества фолна киселина се наоѓаат токму во спанаќот.

Брокула, бриселски зелкички и зелка
Освен што овој зеленчук содржи полифеноли кои се покажале како корисни во намалувањето на разните воспалителни процеси во системот за варење, исто така содржи и антиоксиданси кои го чистат телото од бројни токсини. Варете ги што помалку за да ги сочувате нивните квалитети.

Киви, лимон и портокал
Освен водата, никотинот од телото го отстрануваат и витамините А,Ц и Е кои го јакнат имунитетот и му помогнуваат на организмот да се бори против разни инфекции и бактерии. За да ги надоместите загубените витамини посегнете по киви или пак испијте лимонада. Сок од портокал го хидризира телото, му обезбедува потребни витамини, но и го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додајте малку вода и испијте помеѓу оброци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(Рецепт) РУСКА МЕДИЦИНА – Ослободете се од дијабетесот без лекови: Природен рецепт кој ја исфрлува болеста од вашето тело!

Ако редовно го користите овој природен лек, шеќерот во вашиот организам ќе биде под контрола… …