(ФОТО) Зидан се согласил: Реал ќе го потврди како нов тренер…

Кралскиот клуб сезоната ќе ја заврши без освоен трофеј, а одлучиле помош да побараат кај тренерот кој им донел три последователни титули во Лига на шампионите. Зидан долго размислувал но на крај се согласил…

Зинедин Зидан се враќа во Реал Мадрид!

loading...

„Марка“ пишува дека Французинот во понеделник попладне ќе биде потврден како нов тренер на кралскиот клуб. Во утринските часови бил одржан состанок на Сантиаго Бернабе на кој било одлучено дека Сантиаго Солари ќе добие отказ.


Веста сеуште не била службено потврдена, но и тоа се очекува во наредните часови.
Во утринските часови „Ел Паис“ пишувал дека Французинот прво ја одбил понудата на Реал, но очигледно дека Флорентино Перез одлучил лично да ја земе слушалката во рака, да заборави на проблемите кои ги има со Французинот и понизно го повика да се врати во кралскиот клуб.

Реал Мадрид сезоната ќе ја заврши без освоен трофеј и спас во овој момент гледаат единствено во човекот кој им донел три последователни титули во Лигата на шампионите.
Француски „Ел Паис“ своите тврдења ги темелел на информациите дека Зидан сака да го превеземе Јувентус. Чекал клубот да го напушти Масимилиано Алегри, а наводно му бил понуден договор до 2022. година, а овие гласини ги подгреал и Зидан со посетата на Торино. За Јувентус, Французинот е оној кој може да ја донесе толку посакуваната Лига на шампионите.

Се чини дека ќе мораат да причекаат уште некоја сезона…Зидан го напуштил Реал Мадрид на крајот на минатата сезона и оттогаш е без работа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ако сакате да ве следат среќа и здравје, утре јадете го ова овошје: Обичај на Крстовден што мора да го испочитувате!

Оној што е крстен со крст пости на Крстовден“ Крстовден е голем празник што Македонската …