(ВИДЕО+ФОТО) Официјално: Зинедин Зидан е нов тренер на Реал Мадрид!

Шпанскиот клуб го потврдил враќањето на легендарниот Французин.
Зинедин Зидан е нов тренер на Реал Мадрид. Тоа го потврдил и кралскиот клуб на нивната службена страница, во вечерните часови откако шпанските медиуми „откриле“ уште во текот на раното попладне.
Челните луѓе на европскиот првак одлучиле да му се заблагодарат на Сантиаго Солари кој го потпишал испаѓањето од Купот и Лигата на шампиони, а Мадриѓаните се и вон трката за шпански првак.

Така Зидан се враќа во момент кога нема никаков резултатски императив бидејќи Реал Мадрид во шпанското првенство зад водечката Барселона заостанува 12. бодови, а до крајот на сезоната има уште 11. кола.

Французинот кој на крајот на минатата сезона ја напуштил клупата на Реал, се враќа после десет месеци, а новиот договор ќе го обврзе се’ до 30.јуни 2022. година. Во претходниот мандат освоил девет трофеи, три Лиги на шампионите, два наслови на светски клупски првак, два Европски Супер купови, една ла Лига и еден шпански Супер куп.
Претставувањето на новиот – стар тренер е најавено за 20. часот на Сантиаго Бернабе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Ѕирнете во гламурот на „кралската небеска палата“: Ова е најлуксузниот авион на светот!

Пред пет години „Four Seasons” ја дизајнирал луксузната атракција „Private Jet Experience”. „Кралската палата на …