(ВИДЕО) Ова е Тамара со „Proud“: Песна која сите ќе не направи горди – Честитки за тимот кој конечно направи нешто кое го заслужува вниманието!

Музичкото видео за „Proud“ на Тамара Тодевска, македонски претставник за натпреварот на Песна на Евровизија во Израел, беше премиерно емитувано вчера на централните вести на Македонската телевизија.
Главна ѕвезда на музичкото видео на Тамара е нејзината тригодишна ќерка Хана, но и многу девојки, жени кои се посебни и се издвојуваат…
„Горда” им ја посветувам на мојата ќерка и на сите што насекаде се борат за своите соништа, верувајќи во нивната големина. На 16 мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една ноќ во годината, ќе му покажеме на светот дека ’Јас сум горда!’ е секогаш посилно од ’Никогаш нема да бидеш доволно добра!’“, рече меѓу другото Тамара.

loading...

Музичкото видео вклучува и камео-појавувања од жени кои ја инспирирале Тамара, докажувајќи дека соништата се остваруваат.
Потсетуваме, „Proud“ e авторско дело на тимот што како потписници на музиката го сочинуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е дело на Коста Петров и Сања Поповска. Музичкото видео го режираше Чедо Поповски.


По преслушувањето на „Горда“ мораме да признеме дека добивме една песна од која нема да се срамиме туку напротив – ќе се гордееме. Песна која се разликува од досегашните композиции со кои учествувавме, не само поради тоа што ќе биде изведувана на англиски јазик, затоа што секој ќе ја сфати пораката…Но, „Горда“ го има има она нешто посебно кое ќе ја одвои од другите композиции и ќе ја „наметне“ во прв план…
Критиките за „Proud“ и Тамара Тодевска по објавувањето на Јутјуб се повеќе од фантастични и полни со суперлативи…
Па, време е да се биде ГОРД!…бидејќи без оглед на пласманот и она нашето македонско – во се да сме најдобри „Proud“ е песна од која сигурно (благодарение на тимот кој работи на сценскиот настап) нема да се срамиме…За изведбата пак на Тамара нема потреба ниту да размислуваме а не да се грижиме бидејќи сигурно ќе биде СВЕТСКА а НАША!…
После сето ова што досега го направи тимот на „Горда“ ни останува само со нетрпение да го чекаме настапот на 16. мај во трел Авив и на светот да му покажеме какви автори и изведувачи имаме – но во вистинска смисла на зборот!

Г.О.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НЕГАТИВНИ РЕАКЦИИ – Гледачите згрозени од новиот филм за Мерлин Монро: „Ова е сурово, не го гледајте!“

Филмот „Blonde“, измислена приказна за легендарната актерка Мерлин Монро, кој неодамна беше објавен на Нетфликс, …