(ВИДЕО) Младиот Божидар Николовски апсолутно „СВОЈ“:Нова песна за ново докажување!

Добро е кога еден млад изведувач полека ја гради својата кариера и размислува за секој нов потег…
Еден од тие е Божидар Николовски кој ја издаде својата нова песна „Свој“ за која сними и спот.
„Пред два дена излезе мојата втора авторска песна која што го носи насловот “СВОЈ”, за која направивме и професионален спот кој што е сниман во Скопје и Охрид. На песната соработував со Мими Марковски кој е одговорен за музиката, текстот и аранжманот. Многу сум среќен што веднаш песната можевме да ја проследиме и со спот кој го направија Дејан Трајчевски и Стефан Караџовски“, ни рече Божидар.


Каков спот би било тоа ако нема и други ликови а во „Свој“ за тоа беа задолжени моделите Ана Маркоска, Дона Станчева и Симона Станчева.
Но, со оваа песна Божидар уште еднаш покажа дека музиката е негова најголема љубов на која и се посвети со три кавери но и две авторски песни…досега. А, времето ќе покаже што можеме да очекуваме и видиме од овој млад изведувач.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Вера Ванг споделила ретка семејна фотографија: Изгледа младолико скоро како нејзините ќерки

Модната дизајнерка Вера Ванг има 73. години, но сите што ја познаваат велат дека престанала …