(ВИДЕО+ФОТО) Нема крај на обвинувањата: Поради оваа сцена пред камерите многумина се сигурни дека Мајкл Џексон навистина бил педофил!

“Leaving Neverland”, документарниот филм во кои двајца момци блиски до Мајкл Џексон тврдат дека тој со години сексуално ги злоставувал, предизвика лавина од реакции ширум светот.
Според коментарите на јавноста, контроверзниот документарец само ги потврди сомнежите дека неговите односи со децата биле чудни во најмала рака. Во 2003. година, новинарот Мартин Башир во неколку наврати во документарниот филм “Living With Michael Jackson” го прашал Џексон зошто на 44.годишна возраст спие во иста соба со децата.
“На децата им е потребна љубов и милување. Родителите ги запоставуваат, поминуваат премногу време на своите компјутери… Сакам да им пружам љубов”, изјавил тогаш Мајкл, а потоа следела сцена која многумина ја оцениле како одвратна.

Имено, пејачот во филмот го претставил својот 12.годишен пријател, дете кое се лекувало од рак. Во текот на интервјуто, Џексон го прегрнувал момчето, го држел за рака и велел дека го сака.
“Делењето на кревет со некој кој го сакаш е нешто најубаво”, велел кралот на поп-музиката.
Тој пред камерите признал дека сакал да го дели креветот со детето, а детето изјавило дека Мајкл му кажал: “Ако ме сакаш, ќе спиеш со мене во мојот кревет”.

Screenshot: YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …