(ВИДЕО+ФОТО) Конечно објавен трејлерот за последната сезона на „Игри на престолите“

Се појавил трејлер за осмата, последна сезона на „Игри на престолите“ која фановите на мегапопуларната серија ја очекуваат со големо нетрпение.

Обожавателите чекале повеќе од една година за да дознаат што ги чека во новата сезона, најисчекувана до сега. Трејлерот започнува со сцена во која Арја Старк говори „Знам смрт“. Има многу лица па се чини дека обожавателите во оваа сезона ги чекаат уште многу умирања.

Новата сезона со прикажување ќе започне на 14. април, а ќе има шест епизоди.
Инаку, обожавателите од почетокот на оваа година можеа да видат само неколку куси тизери кои само уште повеќе ја зголемиле љубопитноста.

Но, иако во поранешните најави не откриле многу за дејствието, фановите сепак откриле дека во првата епизода Даенерис конечно ќе стаса до „Зиможешка“ каде Санса ќе и ја предаде власта над неа, а сфатиле и дека ги очекува „најголемата битка во историјата на телевизијата“.
Имено, глумецот Владимир Фурдук, кој во серијата го игра таинствениот Ноќен крал, случајно открил кога би требало да се случи таа битка.

„Во третиот дел на последната сезона ќе се одигра битка која продуцентите ја најавиле како најголема во историјата на телевизијата. Скоро целата епизода ќе биде посветена само на таа битка, а ќе трае околу еден час“, рекол во интервју за унгарски „“Sorozat Wiki”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Американците направиле мини серија за Чернобил – премиерата во мај!

Новата историска драма „Чернобил“ на 6. мај ќе има своја премиера на американската ТВ мрежа …