(ФОТО) Tianmen Mountain Road: Пат долг 11. километри, има 99. свиоци и води кон рајот!

Tianmen Mountain Road се нарекува патот кој води до рајот. Овој прекар не е толку чуден ако се знае дека води до истоимената планина Tianman Shan,што во превод значи врата на рајот, кој се издига на висина од 1.519 метри во склоп на спектакуларниот национален парк Zhangjiajiа во северозападниот дел на Хунан во Кина.

Иако патот е долг 11. километри, изграден е во нерамна положба. Се искачува на висина од 1.100 метри, а брои дури 99. свиоци и се смета за еден од најопасните правци во светот.
И’, како тоа да не е доволно, кинезите морале да се надминат себе па од бочната страна на планината, а на висина до 1.430 метри изградиле и пат по име Walk of Faith (Прошетка на вера). Со оглед на тоа дека патот гледа на провалија и во потполност е направен од стакло дефинитивно не се препорачува на лицата кои страдаат од акрофобија. Не треба ниту да се спомене дека станува збор за голем туристички хит.

Ако пак сакате да уживате во величествениот поглед на планината Тианмен, до неа можете да се довезете и со многу сигурна жичарница која е изградена во 2005. година, а се издигнува на висина од 1/279 метри. Кинезите тврдат дека ова, со своите 7.455 метри, е најдолга жичарница на светот која е поврзана со висока планина.

Извор: punkufer.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …