(ФОТО) „Те сакам“: Ѕид на љубов во Париз

„Те сакам“ ѕидот се наоѓа во средиштето на Абесес вратата во Монмартр, а опфаќа површина од 40. метри квадратни, со вкупно 612. плочки. На овој љубовен ѕид фразата „Те сакам“ е напишана повеќе од илјада пати на повеќе од 300. различни јазици.


Ѕидот го направиле уметниците Фредерик Барон и Клер Кито – а идејата е на ова популарно место за рандеву на вљубените парови да се подигне траен споменик на вечната љубов.
Барон собрал љубовни фрази на повеќе од 300. јазици така што тропал на врати на амбасади и своите соседи, а Кито, уметничка која инаку се бави со ориентална калиографија се’ ставила на љубовниот ѕид.


„Парчиња црвена боја на ѕидот претставуваат делови од скршено срце, срца на човештвото кои ѕидот ги собира на исто место“, рекол Барон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …