(ВИДЕО) Македонец на Фејсбук постави видео за природен феномен со која го збуни целиот Балкан

Земјоделец од Македонија на социјалните мрежи споделил снимка од поле, со кое ја заинтересира јавноста кај нас, но и целиот Балкан, а сето тоа поради природниот феномен кој се појавил.
Станува збор за чудното „однесување“ на земјината површина, која на прв поглед изгледа сосема тврдо, грубо и суво, а кога се оди по неа, таа се поместува како душек во вода.
Мажот на видеото гази по површината и скока како на трамболина, а движењето на земјата под неговите нозе навистина делува нереално. Причината за „живата кал“ во оваа област не е потврдена, но корисниците на социјалните мрежи во коментари започнале дискусија за можните причини на овој феномен.

Па така, некои тврдат дека под земјата има нафта, додека други го предупредуваат човекот дека станува збор за подвижна земја и дека не е баш паметно некој да се движи по неа, бидејќи може да потоне во живата кал.

Што ли е ова?

Што ли е ова?Сретнал некој вакво нешто?Што човек све нема да види на интернетов?Поздрав Земјоделци пазете да не ве лапне нивата 🙂

Gepostet von zemjodelie.mk am Montag, 25. Februar 2019

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 26.11.2020: Претерувате во она што го очекувате од саканата личност…

Овен Љубов: Размислете како треба да ги надминете семејните недоразбирања. Вие сте задоволни со насмевката …