(ФОТО) Неда Арнериќ итно префрлена во болница: Братот ја нашол онесвестена на подот во станот!

Глумицата Неда Арнериќ била итно префрлена во болница, пишува Блиц.
Според сознанијата на српскиот таблоид, братот упорно се обидувал да ја добие на телефон, но Неда не се јавувала. Тогаш повикал бравар и ја обил вратата од станот.
„Неда ја затекнале како лежи на подот. Екипа на брза помош дошла на повик и Неда е префрлена во Ургентниот центар“, наведува изворот на „Блиц“.

Засега нема детали за причините пооради кои на една од најголемите филмски ѕвезди на бивша Југославија и се слошило.
Пред три години Неда Арнериќ паднала од терасата на својот стан на трети спрат во Белград. При тоа го повредила рбетот и била згрижена во Ургентниот центар, но имала и повреди на вратниот, градниот и лумбалниот дел од рбетот. Повредите биле многу тешки, но животот и го спасило само тоа што не паднала на асфалтот.
Во средината на ноември, минатата година, починал нејзиниот сопруг, доктор Миодраг Мештеровиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …