Иако секој ден татковците во многу семејства се’ повеќе учествуваат во одгледувањето на децата, како и во домашните работи, факт е дека тие обврски и понатаму во поголем дел отпаѓаат на грбот на мајките. Освен предизвикот во приватниот живот, жените ги чекаат и бројни нетипични предизвици во деловниот живот односно развојот на кариерата.
Многумина сакаат да кажат дека од вработените мајки се очекува да работат како дома да немаат семејство за кое треба да се грижат, но и да одгледуваат деца како да не се вработени.
Колку има вистина во овие тврдења неодамна сознал и индискиот милијардер Ананд Махиндра кој на својот профил на Твитер споделил интересна илустрација на перуански карикатурист, а која прикажува жени и мажи на тркачка патека. Додека жените на патот кон целта прескокнуваат бројни необични препреки, мажите покрај нив трчаат по чиста патека.
I’ve been helping to baby-sit my year old grandson this past week & it’s brought home to me the stark reality of this image. I salute every working woman & acknowledge that their successes have required a much greater amount of effort than their male counterparts pic.twitter.com/2EJjDcK1BR
— anand mahindra (@anandmahindra) February 5, 2019
„Минатата недела помагав во чувањето на својот едногодишен внук што ме доведе до сознавање на вистинитоста на оваа илустрација. И честитам на секоја вработена жена и признавам дека нивниот успех изискува многу поголемо количество напор отколку кај нивните машките колеги“, напишал Махиндра благодарение на кој оваа карикатира станала вирална.
Но, иако повеќето се согласуваат со вистинитоста на споменатата илустрација се нашле и оние кои сметаат дека мажите носат уште поголем товар грижејќи се за потребите на своето семејство, а токму тоа според нивното мислење резултира со бројни здравствени проблеми.
How about this sir pic.twitter.com/UFoCd8WU2H
— Bhupender Singh (@Mynation_Bhuppi) February 12, 2019
Освен тоа ги имало многу и оние кои истакнале дека, иако и самите се мажи, подеднакво учествуваат во домашните работи но и грижата за децата.
Фото: Twitter / Carlin
Подготви:Г.О.