(ФОТО) Поранешната сопруга на Бредли Купер: „Тој има злобна и студена страна”

“Беше забавен, паметен, арогантен, вообразен и професионален манипулатор. Не ми беше толку привлечен, но мислев дека ќе можам да уживам во неговата смисла за хумор”, напишала таа.


Актерот Бредли Купер е во центарот на вниманието откако снимил филм со Лејди Гага.
По доделувањата на Оскарите целиот свет зборува за очигледната хемија меѓу актерот и пејачката, а на очиглед на партнерката на Бредли, манекенката Ирина Шајк.
Иако Ирина била првата која станала да аплаудира по нивниот настап на доделувањата на Оскарите, многумина коментирале дека дефинитивно постои нешто меѓу Гага и Купер.


За себичноста на актерот отворено зборувала и неговата поранешна сопруга.
Бредли во 2006. година бил во врска со актерката Џенифер Еспосито (попозната по серијата „Полицајци во Њујрк“), со која се венчал во декември истата година. Само пет месеци подоцна парот се развел, а актерката после тоа издала книга во која пишувала за својата борба со целијакијата, но пишувала и за својот поранешен сопруг.

Актерката вели дека пред неа се вееле многу црвени знамиња кои решила да ги игнорира.
“Беше забавен, паметен, арогантен, вообразен и професионален манипулатор. Не ми беше толку привлечен, но мислев дека ќе можам да уживам во неговата смисла за хумор”, напишала таа.

Го обвинила Бредли дека има злобна и студена страна, и дека во нивната врска биле важни само неговите потреби.

Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …