(ФОТО) Неверојатна приказна за двегодишно момче кое веќе посетило 24. земји на светот

Алина и Андреи Цечлан од Романија се заситиле од своето секојдневие и одлучиле со својот двегодишен син Ерик да го обиколат светот.
Тајланд, Шри Ланка, Чиле, Флорида, Мексико, Колумбија се само некои места кои малечкиот веќе имал прилика да ги види и доживее и сето тоа во само две години живот.


Алина и Андреј, бивша финансиска менаџерка и стоматолог, се одлучиле на патување со својот син бидејќи, како што велат, премногу време минувал со други луѓе.

„Отсекогаш сакавме да патуваме и секогаш се обидувавме да посетуваме некои нови места. Кога добивме дете, тоа не беше причина да го промениме начинот на живот, туку само плановите на патувањата одлучивме да ги прилагодиме на своите можности. Почнавме со покуси патувања кога беше новороденче, а откако наполни шест месеци тргнавме на тринеделен пат низ Италија. Патувајќи заедно доживеавме прекрасни моменти што не охрабри да продолжиме и понатаму“, раскажала Алина.

„Добивме можност да земеме пауза од работа и одлучивме да ја искористиме. Патувањето беше најдобрата одлука која некогаш сме ја донеле“, рекол Андреи.
Само во текот на последната авнатура семејството Цечлан минало низ четири континенти и 14. земји.

„Најтежок дел од патувањата е недостатокот на време за сопругот и мене. Нема детски градинки,дадилки, дедовци и баби или пријатели да внимаваат на Ерик од време на време. Заедно сме 24. часа дневно, седум дена во неделата и единствени слободни моменти ни се кога спие“, признала Алина.
„Меѓутоа, ништо не може да се спореди со гледањето на светот низ детските очи“, додала таа.

Алина рекла дека сака да поттикне други семејства да патуваат со децата,без оглед на тоа колку децата се малечки.

„Има многу заблуди дека тоа е тешко или опасно или дека не вреди труд бидејќи нема да се сеќава на ништо. Но, не можете да разберете колку сето тоа позитивно влијае на детето и целото семејство додека не видите со сопствени очи“.

Фото: Instagram
Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОКАЈУВАЊЕ – Меган и Хари се борат да го запрат емитувањето на документарниот филм: Не сакаат светот да слушне што се кажале

Покајание, „пеглање“ работи, придобивки… Меган Маркл и принцот Хари сакаат да го променат документарецот што …