Жена среде породување барала тест за девственост и тврдела дека е невина

Понекогаш е тешко да се помирите со она што животот ви го донесува – единствено така би можеле да го опишеме случајот на млада жена која, доаѓајќи во болница поради болки во
стомакот, одбила да поверува дека е бремена.

Кога гинекологот и ја соопштил веста, инаку дебелата 20. годишна девојка тврдела дека
тоа е невозможно.
„Не е возможно да сум бремена“, зборувала таа.
„Она што дополнително не збесна е што бараше да направиме тест на девственост за да ни
докаже дека е во право, а ние грешиме“, раскажал медицинскиот персонал.
Според нивните тврдења жената не попуштала и цело време зборувала дека не е возможно да
остане бремена бидејќи „не сака мажи, никогаш немала дечко, ниту сексуален однос“.
Тогаш нејзиниот лекар ја прашал дали тоа можело да се случи за време на некое пијанство
па поради тоа да не се сеќава, на што таа одговорила дека „е алергична на алкохол“.
Лекарите тогаш дошле до заклучок дека поради својата физиономија го потиснала фактот
дека во нејзината утроба последните девет месеци расте дете.
„Ова не е првпат да ни се случи такво нешто. Жената живееше сама, имала неправилни циклуси, а поради одвишните килограми никој од пријателите не забележал“.
„На крај со царски рез родила здраво момче, но била во неверица дека тоа се случило па
детето го предала на нејзините родители да се грижат за него“.
„Не е првпат да имаме мајка која сфатила дека е трудна непосредно пред породувањето“,
велат лекарите.
Таткото на детето останал непознат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Д-р Соња Доневска: Како да го зголемите производството на колаген и да ја подобрите еластичноста на кожата?

Со текот на годините потребите на кожата од секојдневната нега стануваат сѐ поголеми. Тоа се …