(ФОТО) Ова е тајниот живот на вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ: На мајка му и дал 100.000 марки за куќа, го признал без утврдување на татковство!

Тапанарот во бендот на Шабан Шаулиќ, Саша Иметовиќ Бата, кој бил упатен во односот на починатиот пејач и неговиот вонбрачен син, открил малку познати детали во јавноста…
Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, е погребан на Новите гробишта во Белград, во алејата на заслужните граѓани. Бројни пријатели, колеги и граѓани (ги имало околу 7.000) се собрала да го испратат пејачот на вечниот починок, а меѓу нив бил и вонбрачниот син на Шабан, Роберт Шаулиќ кој со своето појавување привлекол големо внимание. Шабан инаку „го направил“ Роберт неколку месеци пред да ја запознае жената на својот живот, Гордана, со која подоцна и се оженил.
Тапанарот во бендот на Шабан Шаулиќ, Саша Иметовиќ Бата, кој бил упатен во односот на починатиот пејач и неговиот вонбрачен син, открил малку познати детали во јавноста…

„Го познавам синот на Шабан од вонбрачната заедница. Лично знам дека Шабан порано даваше 500 евра месечно за Роберт, а што беше подоцна не знам. Татко му го испочитува додека беше жив. Тој живее во Зрењанин и него го чува некоја баба. Која е таа жена не знам…Знам само дека тој и Шабан многу личат“, признал Иметовиќ.
Починатиот крал на народната музика ретко зборувал за Роберт, а во една пригода открил дека тој не е роден од љубов, но дека уредно ги исполнувал своите обврски кон него.
„Го направив во младоста, тој не е роден од љубов. Плаќав алиментација до 18. години, сега не го гледам“, изјавил Шаулиќ пред неколку години.
Сопругата на Шабан, Гордана, во една пригода открила дека тој и дал дури 100.000 марки на мајката на Роберт за да таа направи куќа за нив двајца, но и дека починатиот крал на народната музика го признал без утврдување на татковство.

„Тој дечко сега има 36. години и лудо е да се очекува Шабан да го издржува. И нашите деца работат и сами се издржуваат, па е нормално и тој да почне да се грижи за својата егзистенција. Шабан на мајка му на Роберт во 1978. година и даде 100.000 германски марки за да направи куќа за детето и го признал без утврдување на татковство. На момчето очигледно не му се работи па се обидува на ваков начин да дојде до финансиски средства“, изјавила Гордана во една пригода.
Најстариот вонбрачен син на Шабан Шаулиќ, Роберт (47) се појавил на погребот на татко му и немо стоел среде луѓето, трудејќи се да остане незабележан. Тој пришол и се простил од татко му пред да дојде семејството на Шабан. Како што пишуваат српските медиуми Шабан и Роберт последните години не биле во добри односи. Исто така Роберт не бил во контакт со братот Михајло и сестрите Илда и Санела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …