Зошто во авион секогаш би требало да влегувате со топче за тенис?

Масажата со тениско топче ја подобрува циркулацијата во организмот, ја намалува болката во мускулите и го намалува ефектот на „џет лег“…
Кога планирате да летате со авион, во рачниот багаж не заборавајте да ставите топче за тенис. Топчето нема да ви служи за додавање со другите патници ниту за удирање од ѕидот на кабината (што е забрането). Напротив, таа е одличен сојузник за подобрување на циркулацијата.
Сите сме свесни дека седењето на едно место и во продолжено време може да има негативни последици на здравјето, па не чуди што долгите прекуокеански летови не се први на скалата за најздрави активности кои можете да ги преземете за своето здравје.
Токму поради тоа стручаците советуваат во текот на летот да станете, да ги истегнете нозете и превентивно да делувате на болките во мускулите и џет легот.
„Земањето на тениско топче на лет со авион ќе ви ја зголеми циркулацијата. Тркалајте ја преку рамениците, долниот дел од грбот, преку нозете и долниот дел од стопалата за да го засилите крвотокот“, советува хирургот Али Гјоз од Ортопедската клиника во Лондон.
Ако топчето го заборавите дома тогаш крвотокот ќе го подобрите и со масажа на нозете од глуждовите нагоре кон бедрата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …