(ВИДЕО) „Суперхикс“ со новото видео и сингл се враќаат кон корените!

Суперхикс на 3-ти март 2019 година во МКЦ, Скопје, на свој начин ќе прослават 25 години од својот прв настап во некогашниот Доорс во Дебар Маало, Скопје. Банда инструментале на истиот ден, 03-ти март, во 1994 година за прв пат го размрдаа Скопје.


Тие во целото свое постоење се поклонуваат на специфичниот ритам и музика кои го исполнуваат секој кој ќе ги слушне „Раде”, „Африка”, „Глупави песни”, и многуте други. Својот раст и својот развој, задржувајќи го тоа што секогаш ги прави тоа што се, Суперхикс го негуваат и во „Модерна љубов”, сингл чие видео денес излезе во јавност и може да се види и слушне на:


Видеото и песната „Модерна љубов” се снимени во студиото „Тра ла ла” на Мите Димовски од Скопје и за прв пат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тони Цетински бил на трансплантација на коса, СЕ’ објавил на Инстаграм

ТОНИ Цетински објави на Инстаграм дека решил да направи трансплантација на коса. „Одамна имам желба …