(ФОТО) Срамен и вулгарен потег на Симеоне: Објаснил зошто се фатил за “меѓуножјето“ и кому му била упатена пораката!

Атлетико во првиот двобој на осминафиналето на Лига на шампионите, во Мадрид, со 2:0 го победил Јувентус.Во првото полувреме немало премногу содржаен фудбал, но затоа во продолжувањето „пукало на сите страни“.
Атлетико очајниот Јувентус „го убил“ и резултатот можел да биде поуверлив. Диего Коста промашил зицер, Гризман погодил статива, а на Морати ВАР му поништил гол!
Меѓутоа, во 79. минута на стадинот на Атлетико зоврела. После корнерот од гужва забил Хуменез. Клупата на Атлетико скокнала а посебно еуфоричен бил тренерот на Мадриѓаните Чоло Симеоне кој врискал и се фаќал за меѓуножјето.
За 2:0 во 84. минута, исто така после прекин гол дал Годин.
После натпреварот најмногу се зборувало за вулгарниот гест на Чоло Симеоне, дури повеќе отколку за самиот натпревар, така што тренерот на Атлетико морал прво да објаснува зошто го направил тоа и кому му било наменето.

„Истата работа ја направив како играч на Лацио против Болонја. Тоа го направив повторно за да на нашите навивачи им покажам дека имаме муда. Мојот гест не беше усмерен против Јувентус, туку кон нашите навивачи.Признавам тоа не е убав гест, но почувствував потреба да го направам тоа. Толку се боревме, Диего Коста се бореше, а не е спремен. Морав да покажам како се чувствувам. Им се извинувам на сите кои можеби ги навредив, но тоа беше од срце“, рекол Чоло па го коментирал натпреварот:
„Пруживме одлична партија. Ни се вратија важни играчи како Коке и Коста и против големиот противник,кој во своите редови има големи играчи, можевме да одиграме паметно.Моравме да извлечеме максимум од секоја ситуација. овој резултат е добар“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …