(ФОТО) Познатиот глумец се подготвува за нова улога и изгледа појак од било кога!

35. годишниот Британец, Хенри Кавил, познат како човек од челик кој се прослави со улогата на Супермен, тренинзите ги подигнал на ново ниво. Имено, наскоро ќе се појави серијата „The Witcher” во која Кавил ја толкува главната улога.
Неговиот тренер, Дејв Риенци, кој е воедно и заслужен за формата на легендарниот Двејн „The Rock” Џонсон, на Инстаграм објавил фотка на која Кавил покажува поголеми мускули отколку што сме навикнале да гледаме.

„Неверојатно продуктивно патување во Будимпешта поради подготовките и тренингот на Хенри Кавил за клучните сцени во надоаѓачката серија на Нетфликс ’The Witcher’“, напишал Рензи и открил дека популарниот глумец има многу интензивен распоред.
„Работи повеќе од 12. часа дневно, без пауза за ручек, а дополнителни два часа одат на шминкање и фризура. 110. отсто е посветен и тоа не е шега“, додал тој.
Не е тајна дека Кавил изгледот го сфаќа многу сериозно.Дормата за улогата во филмот „невозможна мисија:Распад насистемот“ ја одржувал тренирајќи една боречка вештина.

„Џиу – џитсу ќе ве натера да го засакате бидејќи ќе научите толку важни лекции“, порачал Кавил во 2018. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Американците направиле мини серија за Чернобил – премиерата во мај!

Новата историска драма „Чернобил“ на 6. мај ќе има своја премиера на американската ТВ мрежа …