(ВИДЕО+ФОТО) Хитот „Рома“ на „Нетфликс“ првпат во историјата би можел да добие два Оскари за најдобар филм

Ако на годинешното доделување на Оскари победи во категоријата на најдобар филм и онаа за најдобар филм на странски јазик, остварувањето на режисерот Алфонсо Куарон, „Рома“, би можело да го промени начинот на кој се доживува категоријата странски филм и да стане прв филм во историјата на престижната награда со победа во двете категории.
Во исто време ќе сврти внимание на преостанатите четири номинирани кандидати, пишува ВВС.

Во последните десет години скоро секоја сезона се воведуваат промени кога станува збор за начинот на кој филмовите на странски јазик „стасуваат“ до потесен избор за награда.
Категоријата постои од 1947. година, а бројот на избрани филмови од година во година се зголемува. Оваа година ги имало 87, но никој не успеал да ги види сите. Поради тоа последните неколку години се ангажирани волонтери кои се делат во три групи за да се добие увид во сите пристигнати филмови.

Како и да е, номинацијата на оваа интимистичка семејна хроника во категоријата на најдобар филм и онаа најдобар филм на странски јазик е преседан во 91. годишната историја на доделувањето на наградите на Американската академија.
Но, филмот би можел да доминира и во останатите категории бидејќи „Рома“ на Куарон има вкупно 10. номинации.

Наградата Оскар се доделува на победничката нација, но од 2015. обичај е на статуетката да се изгравира и името на режисерот.

Холивудскиот Мексиканец Алфонсо Куарон зад себе има седумнаесет години кариера и шест филмови.
Меѓу филмовите кои ги снимил се и „Гравитација“, „Деца на човештвото“, „И мојата мајка исто така“.

Од сличните фестивалски успешници „Рома“ на Куарон се разликува и по фактот дека обичниот гледач никогаш нема да го види во кино бидејќи настанал во продукција на „Нетфликс“, интернет мрежа.

Screenshot: YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …