(ФОТО) Тамара со емотивен став за „Евровизија“:„На 16-ти мај, ќе пеам за мојата ќерка и за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата!“

Некои и замеруваат дека е премногу секси, други дека оди како машки, трети…па и тие нешто говорат но најважно од се е дека Тамара има неприкосновени вокални можности…
Напати се докажуваше и ни покажуваше што се умее да испее, а сега се надеваме дека со песната „Proud“,што ќе ја изведе во мај на „Песна на Евровизија“ во Тел Авив, Израел, ќе оди чекор понатаму – уште еднаш ќе докаже дека таа е пејачка која не може да не посрами, туку напротив која ќе не направи горда. Не мислиме на некаков пласман туку на квалитетно донесување на композицијата со која реши да не претставува.
Тамара го сака Фејсбук па таму често споделува важни моменти од нејзиниот живот. Таму ни објави дека ќе не претставува на „Евровизија“, а таму вчера објави и еден пост кој веруваме никого нема да го остави рамнодушен…

loading...

Тодевска меѓу останатото најави и дека песната со која ќе нè претставува, „Proud“, премиерно ќе ја слушнеме за две недели. Во продолжение прочитајте ја нејзината емотивна објава.
„Здраво,
Пред еден месец, кога добив покана да ја претставувам мојата земја на Изборот за песна на Евровизија во Тел Авив (покрај моето ентузијастично и радосно ,,Да!”), првото нешто што ми падна на ум беше: „Која ќе биде целта на моето учество на натпреварот? Што е тоа што сакам да го кажам? Што е тоа што сакам да го споделам со светот?“
За мене учеството на Евровизија никогаш не било да се влезе во финале, да се биде меѓу првите 10 или да се победи. Евровизија за мене отсекогаш била многу повеќе од тоа.
За мене Евровизија отсекогаш претставувала прифаќање на различното, пркосење на правилата и прифаќање на себеси, баш онаков каков што си. Евровизија е таа една вечер во годината кога публиката во целиот континент се собира на едно место за да ја прослави посебноста, храброста и вербата во себе! Тоа е местото кадешто да се биде различен значи да се биде ГОРД на себеси.
Јас сум мајка на две деца, имам тригодишна ќерка и тримесечен син. Знам дека звучи како клише, но тие навистина го променија мојот живот и јас како мајка и како родител чувствувам дека е моја и наша обврска да донесеме позитивни промени во животите на нашите деца.
Целиот мој живот ми кажуваа дека не се однесувам женствено, дека не сум доволно добра, дека се движам и се однесувам како машко. Наведни ја главата, облечи нешто секси и на никој нема да му биде гајле што зборуваш, ми велеа. За нив јас бев само уште една изгубена девојка.
Денес, кога ќе ја погледнам ќерка ми, сакам да има можност да расне во свет во кој никој нема да ѝ суди, нема да ѝ кажува како да се однесува, како да постапува или како да се движи. Сакам да знае дека не мора да ги следи правилата за да биде прифатена. Сакам да биде онаква каква што таа сака да биде и најважно, да биде горда на себе. Тоа е најмалку што можам да направам за неа.
Затоа, на 16-ти мај, ќе пеам за мојата ќерка. Ќе пеам за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата. На 16-ти мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека СЕ ГОРДЕАМ СО СЕБЕ е секогаш посилно од нивното НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ ДОВОЛНО ДОБАР/А!
СЕКОГАШ ќе бидете доволно добри!
Се гледаме во Тел Авив!
❤ Тамара“


Здраво,Пред еден месец, кога добив покана да ја претставувам мојата земја на Изборот за песна на Евровизија во Тел…

Gepostet von Tamara Brana Velkova am Montag, 18. Februar 2019


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …