(ФОТО) Страшно: 9.годишно девојче си го одзело животот поради кавга со мајката за мобилен телефон..

„Девојчето се разбудило и сакало да гледа нешто на ’ЈуТјуб“’ на својот телефон. Но, мајката ѝ забранила и ѝ рекла дека е рано“, раскажува сосед на починатото девојче, откривајќи дека сега мајката се обвинува себеси за трагедијата.
9.годишното девојче Хевен Вега се обесило во својата соба во станот во Бронкс, откако претходно се скарало со својата мајка поради телефонот.
Девојчето ставило каиш околу својот врат и се обесило, а кога мајката влегла во собата, за жал веќе било предоцна.


„Девојчето се разбудило и сакало да гледа нешто на ’ЈуТјуб“’ на својот телефон. Но, мајката ѝ забранила и ѝ рекла дека е рано“, раскажува сосед на починатото девојче, откривајќи дека сега мајката се обвинува себеси за трагедијата.
Вознемирената мајка ги повикала итните служби откако ја пронашла мртвата ќерка во собата, а еден од нејзините браќа се обидел да ја реанимира.

„Можев да ги слушнам преку ѕидот како плачат и бараат помош. Најпрвин ја слушнав постарата ќерка како ја повикува сестрата со нормален глас, а потоа сето тоа се претвори во вресок“, раскажува соседот за американските медиуми.
Девојчето итно било пренесено во болница, но за жал докторите не можеле да направат ништо.


„Не разбирам. секогаш беше насмеана“, објаснила една сосетка.

Цела заедница е шокирана со смртта на девојчето.
„Не знам како нејзината мајка ќе ја поднесе оваа тешка трагедија и ќе функционира после се“, додала сосетката.

Извор: Daily Mail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На овој филм му се предвидуваат три Оскари

Само што помина премиерата на „Кошмарната уличка“ (Nightmare Alley) на Гиљермо дел Торо, почнаа да …