(ФОТО) Многу повеќе од обичен зачин: Штити од рак, реума и е преполн со витамин Ц – магдоносот од сега ќе ви биде омилена намирница

Толку сме навикнале на магдонос што често и не размислуваме за тоа дека ова не е само зачин, туку и билка која има висока нутритивна вредност и лековити својства.
Магдоносот е најпопуларен зачин во светот кој може да се најде скоро во секој
супермаркет во текот на цела година (секако најдобар е од сопствената бавча).
Има деликатесен и освежувачки вкус и преубави листови со светлозелена боја поради што
е незаменлив како зачин или украс за јадење.
Толку сме навикнати на магдоносот што често и не размислуваме за тоа, дека ова не е
само зачин туку и билка, туку има високи нутритивни вредности и лековити својства.
Заштита од рак
Етеричните масла кои ги содржи магдоносот, посебно миристицин, штити од рак, посебно
рак на белите дробови што е потврдено во бројни истражувања.
Поради етеричните масла кои ги содржи, магдоносот го неутрализира делувањето на
хемиските материи кои можат да бидат опасни за нашето здравје, како канцерогените
бензопирен (се наоѓа во димот на цигарите) и други.

Богат извор на антиоксиданси
Флавоноидите кои ги содржи магдоносот, посебно лутеолин, делува како антиоксиданти,
врзувајќи се за слободни радикали и на таков начин го спречуваат штетното делување на
организмот.
Во истражувањата се покажало дека екстракт од магдонос го зголемува антиоксидативниот
капацитет на крвта. Освен флавоноиди, магдоносот е одличен извор на витамин Ц и А кој
има важна улога во заштита на нашиот организам од многу болести.
Витаминот Ц има многу различни функции. Тој е главен антиоксидант во нашето тело,кој го
неутрализира опасните слободни радикали. Како што веќе знаеме, висока концентрација на
слободните радикали е поврзано со цела низа болести, вклучувајќи рак, дијабетес, астма,
атеросклероза и т.н.
Витаминот Ц исто така има извонредни противвоспалителни својства поради што е одличен
во лекувањето на сите видови артритис. Освен тоа, витаминот Ц е важен за работата на
нашиот имунитет. Редовно внесување на овој витамин може да спречи грип, настинки,
воспалување на грло и уво.
Бета каротинот е исто така важен антиоксиданс. Диетите богати со бета каротин го
намалуваат ризикот од појава на атеросклероза, дијабетес и рак на цревата.
Како и витаминот Ц, бета каротинот поволно влијае на астма,остеоартритис
и реуматоиден артритис. Во нашето тело бета каротинот се претвора во витамин А – нутриент кој игра важна улога во работата на нашиот имунитет.

Магдонос за здравје на срцето
Магдоносот е добар извор на фолна киселина. Фолната киселина е битна за многу процеси
кои се одвиваат во нашиот организам, но најмногу е познат по улогата која ја игра во
здравјето на кардиоваскуларен систем. Фолната киселина помага во претворувањето на
хомоцистеинот во добра материја. Хомоцистеинот е потенцијално опасно соединение кое
може директно да ги оштети крвните садови. Високото ниво на хомоцистеин ја зголемува
опасноста од мозочен и срцев удар кај луѓе со артеросклероза или болести на срцето.
Поради тоа на луѓето кои страдаат од овие болести им се препорачува храна богата со
фолна киселина.

Заштита од реуматоиден артиритис
Храната богата со витамин Ц, како магдонос, овозможува заштита од реуматоиден артритис.
Во истражување резултатите кои биле објавени во Annals of the Rheumatic Diseases, учествувале повеќе од 20.000 луѓе.
Сите учесници биле здрави и не биле болни од артритис. Еден дел од учесниците следел
диета богата со витамин Ц, додека другите имале обична диета.
Истражувањето траело неколку години и потврдило дека кај луѓето кои конзумирале храна
богата со витамин Ц, ризикот од појава на артритис бил намален за три пати.

Корисни совети:
Свежиот магдонос е подобар од сув; ако морате да купите сув магдонос бирајте го
органскиот.
Бирајте магдонос со листови со темно зелена боја. Избегнувајте гранки кои имаат
жолтеникава боја или кои овенале – тоа е знак дека се стари и оштетени.
Свежиот магдонос држете го во фрижидер, во пластично ќесе. Ако магдоносот овенал
испрскајте го со малку вода, пред да го ставите во фрижидер.
Ако имате отповеќе магдонос можете лесно да го исушите така што ќе го исечкате и
оставите на кујнска крпа. Кога ќе се исуши, држете го во добро затворено стаклено
шишенце на темно, ладно и суво место.
Магдоносот можете и да го замрзнете. Ќе го задржи својот вкус, но ќе ја загуби
крцкавоста. Магдоносот може да се користи во скоро сите јадења – супи, салати, јадења
од зеленчук и житарки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …