(ВИДЕО+ФОТО) Неверојатна животна приказна: Го киднапирале како дете а 55. години подоцна сам ја дознал вистината!

Новите сознанија донеле нови предизвици: Пол сега се обидува да го најде вистинскиот син на Дора и Честер, но и својата родена сестра близначка, која исчезнала во исто време како и тој.
55.годишниот Американец Пол Фронзак, на кого родителите му кажале дека како новороденче бил киднапиран од болница, за две години подоцна да им биде вратен, открил дека всушност не е нивен син.
Фронзак пораснал во Чикаго со мајката Дора и таткото Честер. Кога имал 10. години, нашол исечок од весник во кој пишувало дека бил киднапиран како бебе.
Родителите му раскажале дека имал само еден ден кога жена во униформа на болничарка го земала од рацете на својата мајка. Било април 1964. година. Им рекла на родителите дека бебето мора на преглед и никогаш не го вратила.
Тоа веднаш станало национална вест. Повеќе од 175.000 поштари, 200. полицајци и агенти пребарале околу 600. куќи во потрага по Пол, но залудно.

Две години подоцна, дете кое одговарало на описот на Пол било пронајдено во напуштен трговски центар во Њуарк. Во 60.тите години од 20. век ФБИ немал начин да утврди дали тоа навистина е Пол, но одлучиле дека е, па го вратиле на Дора и Честер. Меѓутоа, Пол вели дека, колку станувал постар, станувал и посомничав.
“Се прашував дали се тоа моите родители. Не личев на никој од моето семејство, немав исти интереси како мојот брат Дејв. Јас сакав рок, мотори и пуштав коса – целосна спротивност од него”, вели тој.

Пол основал и свое семејство, а кога лекарот го прашал за семејната историја на болести, сфатил дека е крајно време да ја открие вистината. Успеал да ги убеди Дора и Честер да направат ДНК тест и било откриено дека не се во сродство. Потоа ангажирал приватни детективи и така дознал дел од вистината.
Пол е роден како Џек Розентал и шест месеци е постар од тоа што се мислело. Се претпоставува дека Пол и неговите браќа и сестри биле напуштени од родителите, бидејќи мајката била алкохоличар, а таткото нестабилен воен ветеран.

Новите сознанија донеле нови предизвици: Пол сега се обидува да го најде вистинскиот син на Дора и Честер, но и својата родена сестра близначка, која исчезнала во исто време како и тој.

Извор: Metro.co.uk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …