(ФОТО) Позната пејачка била жртва на насилство и присилена да работи како стриптизерка

Иако благодарение на родителите го има уметничкото име Карди, односот со нив никогаш не и бил добар. Од мајката ја криела вистината, а кога и признала дека е стриптизерка, се
испокарале и никогаш не прозборувале

На 61. доделување на Греми наградите,Карди Б (26) влегла во историјата како прва
американска раперка која освоила златен грамофон за најдобар рап албум на годината.
Иако спотовите на Јутјуб и имаат милијарди прегледи, не секогаш се одело по планот.
Животот не и бил лесен. Пораснала во Бронкс, во Њујорк, а како млада девојка пари
заработувала работејќи како стриптизерка. Карди, на која вистинското име и е Белкалис
Марленис Алманзар, вели дека била присилена да работи, инаку како бројни нејзини
пријатели би завршила на улица.
Иако благодарение на родителите го има уметничкото име Карди, односот со нив не бил
многу добар. Кога на мајка и и’ признала дека е стриптизерка се испокарале и никогаш
повеќе не разговарале.

Порано не можела да се пофали ниту со љубовниот живот бидејќи бившиот дечко Томи го
памти само по насилството кое го претрпела од него. Кога раскинале, се пробила на
музичката сцена. Тогаш следеле бројни естетски операции за да подобро изгледа и изгради
професионална кариера.
Кога била на врвот на славата во нејзиниот живот влегол раперот Офсет (27). Бргу се
венчале и ја добиле ќерката Културе. И’ тие двајца имале добри и лоши моменти па после
15. месеци брак се развеле, бидејќи во медиумите се појавиле пораки во кои Офсет се
обидувал да договори секс во тројка.
Меѓутоа, медиумите пишуваат дека двојката се смирила.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …