(ВИДЕО) Се појавиле детали за осмата сезона на „Игри на престолите“

Ако не сте ја гледале последната, седма сезона, на „Игри на престолите“, внимание,
следат спојлери.

Имено, се појавила листата на глумци и глумици за премиерата на осмата сезона, која
открива кого се ќе го гледаме – има ликови за кои сме претпоставиле дека се мртви, но и
„заборавени“ бидејќи не ги видовме цела сезона.
Се враќаат Едмур Тали (Тобајас Мензис) и Робин Ерин (Лино Фачоли), кои последен пат ги
гледавме во првата епизода на седмата сезона, односно, уште кон крајот на шестата.
На списокот се и Ричард Дормер и Кристофер Хивју, чиа судбина останала неизвесна после
финалето на седмата сезона. Нивните ликови Берик Дондерон и Тормунд Џиноубиец последен
пат ги гледавме во финалето, кога Ноќниот крал на змејовите се залетал на ѕидот а тие
двајца скокнале во снежна провалија.
Порталот “Watchers on the Wall” пренесува дека листата на глумци открива и кого нема да
го гледаме во првата епизода – Кралот на ноќта (Владимир Фурдик)и Хари Стрикленд,
командантот на Златната чета (Марк Рисмин).
И не, сеуште не се спомнува Госпоѓицата со камено срце…Но, ние не губиме надеж до 14.
април.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

6. тајни на успешно слабеење: Само вака неповратно ќе ги загубите килограмите!

Поради тоа е важно да ги знаете овие рпавила пред да јазапочнете борбата со губењето …