Љубовта е заборавена: Еве според кој критериум сега се бира сопружник

Социјалното искуство покажува дека жените илјадници години наназад бирале мажи за кои знаеле дека ќе бидат сигурни партнери и татковци на нивните деца…

Резултатите од неодамнешното истражување покажале дека сигурноста е таа која нè води при изборот на партнерот со кој ќе стапиме во брак. За жал, љубовта нема главна улога во овој случај.
Имено, истражувањето опфатило 5.000 парови на возраст од 25. до 65. години. Верувале или не само 18% од нив рекле дека љубовта била пресуден параметар поради кој стапиле во брак.
Најинтересен бил одговорот на испитаниците на прашањето што им пружа најголемо задоволство во врската.


Дури 40,7% од нив одговориле – сигурноста! Потоа, 33% од жените изјавиле дека сакаат верен партнер, 26% сакаат некој кој ќе се грижи за нив, а само 28% рекле дека им е важен љубовниот живот.
Инаку, социјалното искуство покажува дека жените илјадници години наназад бирале мажи за кои знаеле дека ќе бидат сигурни партнери и татковци на нивните деца.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Постојат три причини зошто сексуалниот однос станува подобар со текот на годините

Луѓето мислат дека со возраста, сексуалната желба и моќ се намалуваат и дека сексуалните односи …