Репертоар на Театар за деца и младинци од 16. до 17. февруари

16. февруари „Црвенкапа“
Уште една бајка за која не треба да се трошат зборови, зашто скоро и да нема дете на кое не му е позната приказната за девојчето, кое одејќи на пат кон куќичката на нејзината баба, во шумата налетува на волкот. Во драматуршката предлошка на Александар Поповиќ се појавува ликот на Иванка, која не постои во оригиналната приказна. Иванка е палавата другарка на Црвенкапа и во нашата претстава сосема солидно е одиграна од Винета Дамческа. За Ана Левајковиќ-Бошков, која ја толкува улогата на Црвенкапа, што и да се каже ќе биде премалку за да се опише нејзиното соживување со добро познатиот лик. Можеби најмаркантниот лик во оваа претстава е ликот на Волкот, одигран од феноменалниот Владимир Лазовски. Постојат и други Црвенкапи, на други театри, но ниедна од нив нема ваков Волк кој оставил толку силен впечаток кај детската публика. Прерано е да се каже дека ова е неговата животна улога, бидејќи Лазовски има потенцијал да им подари на децата уште многу вакви незаборавни театарски ликови. Ќе ги изеде ли Волкот Црвенкапа и Бабата, останува да проверете и да се уверите во сето она што сте го слушнале за оваа претстава.
Играат: Ана Левајковиќ Бошков, Винета Дамческа, Катарина Илиевска Силјановска, Марија Ѓорѓијовска, Влдимир Лазовски, Драган Довлев.

17. февруари „Петар Пан“
Петар Пан – детето кое никогаш не израснува – е детето кое секој од нас сака да го задржи постојано во себе. И што има поубаво од тоа: соништата кои ги носиме во себе понекогаш да се исполнат, или пак најчудните авантури кои сме сакале да ги преживееме да ни се случат и од вербата во тоа дека доброто секогаш го победува злото!
Играат:Ненад Митевски,Наташа Петровиќ,Марија Ѓорѓијовска,Ана Левајковиќ Бошков,Винета Дамческа,Предраг Павловски,Мартин Јорданоски,Драган Довлев,Мики Анчевски, Бојан Кирковски,Изабела Новотни,Татјана Павловска Кочовска,Катарина Илиевска Силјановска.

Претставите почнуваат од 19. часот, освен во недела од 12.30.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Невиден натпревар со необичен резултат: Гостите играле со седум играчи и загубиле 20:0!

Последното коло од Seria C во Италија донела несекојдневен натпревар… Домашните победил со 20:0, а …