Репертоар на Македонски народен театар од 14. до 20. февруари

14. февруари „Мама миа“
Раскажувачката магија на безвременските песни на АББА претставува двигател на волшебната приказна за љубовта, смеата и пријателството, креирајќи незаборавна претстава. Големата актерска екипа, веселата атмосфера и експлозивните танчерски нумери заедно ја прават МAMMA MIA! загарантирана хит-претстава за секој театар.
Мјузиклот „Мама Миа“ премиерно ќе биде изведен во Македонскиот народен театар на 24 декември со почеток во 20 часот.
Mузиката и текстот се на Бени Андерсон, Бјорн Улвеус и Кетрин Џонсон, по приказната на Џуди Крејмер.
Претставата е во режија на Наташа Поплавска.

16. февруари „Кец на десетка“

Кога едно сосема нормално семејство ќе се собере за да се запознае со идниот зет, се очекува секој да даде се’ од себе, да ги смири своите човечки слабости, ако ги има, нели, да ги потисне внатрешните проблеми, не толку сјајните карактерни особини, фактот дека можеби сте пред развод… Се очекува да оставите максимален впечаток на другата страна, до степен да се прашува со што ја заслужил таа неверојатна среќа да ве сретне токму вас како прибежиште, како иднина, како судбина…
Целта не ви е да ја доведете конкретната персона во заблуда но доколку персоната се доведе сама, вие не сте виновни! Најважно за такви ситуации е да не се дозволи ни случајно работите да излезат надвор од контрола, тоа, никако, не! И затоа, секој од присутните треба да направи сѐ што е во рамки на неговите можности за да не дојде до такво нешто.
Ситуациите од таков тип имаат силен комичен потенцијал. Темата ни е блиска на сите нас и во случајот, се разбира, функционира како комедија. Извадено е на површина се што е комично а тоа го има во изобилство, било како глума, било како свежи и сочни дијалози, било како општа приказна. Хуморот е спонтан, природен и брзо освојува. Сцената лесно комуницира со публиката.
Мисијата е многу едноставна: публиката да дојде, да ужива во претставата, да си отиде насмеана и задоволна, а утре на работа или во школо да каже каде била и колку убаво си поминала.
Играат: Таткото Доксе – Александар Микиќ,Мајката Грациела – Тања Кочовска,Ќерката Ана – Нина Деан,Тоше – Ивица Димитријевиќ.

18. февруари „Благуна“ – монодрама во изведба на Шенка Колозова

19. февруари „Говорна мана“
Играат:Мишел ― Игор Џамбазов,Славица ― Сашка Димитровска,,етар ― Ивица Димитријевиќ, Актерка ― Арна Шијак,Актерка ― Ана Стојановска,Актерка ― Билјана Јовановска.
25.10. „Разговори во четири очи“
Ако овој Бергманов роман мора да се дефинира како еден клучен мотив, тогаш тоа би било — соочување. Во претставата Разговори во четири очи главниот лик во приказната, Ана Бергман, се соочува сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење. Така, сликата на една традиционална заедница, претставува и соочување со сопствената историја, минатото и идентитетот. Напишан во форма на роман, Разговори во четири очи ја поседува структурата која сосем одговара на театарскиот израз. Возбудливи, поетични и емотивни, петте делови и епилогот се како самостојни микродрами, прецизно поставени спротивставувања и исклучително слоевити и комплексни односи. Иако станува збор за свештеничко семејство во провинцијата на Шведска на почетокот на XX век, Бергмановото семејство е универзално и вонвременско. Низ споменатите сегменти, по пат на мозаик, првенствено се крои деликатен портрет на една жена, но и слика на препознатливи генерациски конфликти, архетипски конфликти меѓу сопружниците, родителите и децата. Разговорите се интимен однос кон минатото, обид да се заземе дистанца спрема ситуацијата за која сме лично врзани, со цел откривање на нова перспектива и толкувања на сеќавањата, без оглед на тоа колку е болно. Среќавањето на Ана Бергман со личностите кои го дефинирале и обликувале нејзиниот животен пат (свештеникот Јакоб, сопругот Хенрик, мајката Карин и љубовникот Тумас) истовремено се нејзино потсетување на храброста, дрскоста и слободата кои со времето ги имала изгубено. Разговорите во четири очи го истражуваат прашањето за способноста и силата на поединецот да преземе контрола над сопствениот живот и да ги признае направените грешки. Оваа приказна е горко сознание за изгубеното време, пропуштените прилики, свесното жртвување и соочување со она што сме биле некогаш, што сме можеле да бидеме и она што сме.
Играат: Амернис Нокшиќи – Јовановска,Нина Деан,Петре Арсовски,Оливер Митковски/Благој Веселинов,Дарја Ризова,Катина Иванова,Дамјан Цветановски.

20. февруари „Разговори во четири очи“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Американците направиле мини серија за Чернобил – премиерата во мај!

Новата историска драма „Чернобил“ на 6. мај ќе има своја премиера на американската ТВ мрежа …