Репертоар на Драмски театар од 14. до 20. февруари

14 Февруари „Партија реми“
Драмскиот текст „Партија реми“ од американскиот драмски автор Доналд Ли Кобурн, 1978 година ја добива Пулицеровата награда за најдобар драмки текст а актерите кои ги играле улогите за најдобри актери таа сезона на њујоршката сцена.
Еден човек и една жена во својата Трета доба, како штитеници на Дом за стари лица, преку играњето карти се запознаваат, остваруваат посебно пријателство и поврзаност.
Додека трае партијата карти која станува повод но не и причина за средба, тие ги раскажуваат своите животи, згоди и незгоди… понекогаш тажни, некогаш комични…
Гледачот може да ја почувствува искрата на животот што како кандилце гори во нив но и сознанието дека животот минува за секого и секогаш. А секое ново “делење на картите“ станува метафора за шансите што во животот ги користиме или не!
Трагикомичните ситуации во кои ке се најдат двајцата фанатични играчи на реми понекогаш наликува на арена во која се игра “игра за живот или смрт“, а публиката ужива следејќи ги и препознавајќи се.
Сакам посебно да се заблагодарам до луѓето чии совети ја направија оваа приказна уште поубава: Мери Терзиева (директор на домот за стари лица „Идила и Мери Терзиева“), Милица Стојанова (актер), Невена Зубчевиќ (директор на центар за рехабилитација Кембриџ, Бостон), Кренаре Невзати (кореограф)
Режија: Виолета Џолева
Костимографија: Лидија Георгиева
Сценографија: Доротеа Ѓорѓиевска
Избор на музика: Виолета Џолева
Улоги:
Велер Мартин – Ѓокица Лукаревски
Фонсија Дорси – Маја Вељковиќ Пановска

15. февруари „Крал Иби“
Преку главниот протагонист Татко Иби во една структура на гротескна пародија на Шекспировиот Магбет, плашливецот Крал Иби, претставникот на буржоазијата е прикажан како некој кој бескурпулозно гази се пред себе за да ги достигне своите цели. Иби е метафора за тој модерен човек, кој е прикажан како грд, вулгарен, алчен грандиозен, нечесен, глупав, незрел, зол и кукавица. Истовремено авторот става акцент и ги издвојува алчноста и моќта за власт како „болести“ во модерниот свет.
Во претставата играат: Игор Ангелов, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Софија Куновска, Предраг Павловски, Јана Стојановска, Долорес Поповиќ, Катерина Шехтанска-Лаковски, Маја Вељковиќ-Пановска, Емилија Мицевска, Тамара Ристовска и Игор Георгиев.

16. февруари „Снежана и седумте џуџиња“

Режија:Димче Николовски
Приказната за Снежана, нејзината лоша маќеа и седумте џуџиња, е веројатно првата покомплексна приказна со која се среќаваме како деца. Преку неа, влегуваме во чудесниот нов свет на фантастичното, исполнет со волшебни суштества, бајковити предели и магии. Од друга страна, за прв пат и на приемчив начин нé соочува со комплексните морални и животни појмови и појави како што се љубовта, смртта, зависта, љубомората, доброто и злото. Па не е воопшто чудно што генијалниот Волт Дизни ја избрал токму оваа бајка како предлошка за првиот долгометражен анимиран филм на сите времиња.
Играат: Александра Павлова, Трајанка Илиева, Калина Наумовска, Златко Митрески, Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Игор Георгиев,Александар Степанулески, Димитрија Доксевски, Мартин Минговски, Дритон Вејсели, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексоски, Дарко Карбески, Марко Илиќ.

19. февруари „Како да се ограби банка“

Парите го вртат светот. А што би правеле кога тие не би биле дел од нашиот живот и нашето секојдневие? Што би правеле кога ќе го допрете дното во општеството и кога единствената мисла со која ќе се будите наутро е “како да го наполнам својот стомак”? Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Ајде да ограбиме банка. Овие први инстиктивни мисли кои си играат во нашата глава, овој пат ќе станат вистина.
Снаодливоста е главната особина на фамилијата Кепевски! Сите членови имаат некој свој личен проблем и секој од нив со него постапува многу наивно. Главата во семејството и човекот кој ја има диригентската палка е “големиот ум”, Раде Кепевски. Овој човек нема материјални средства да ја преживее неделата, но тоа не го спречува да ја следи својата страст за измислување нови изуми, убедувајќи ги притоа сите, дека тие се корисни во нивното секојдневие. Во недостиг на материјал тој ја користи целата покуќнина за своите глупости.
Оваа претстава зборува за комичноста на луѓето кои ќе се најдат во комплицирани ситуации. Соочувањето со проблемите на нашите „херои“, е многу различно од односот и пристапот на повеќето луѓе кои чекорат на земјата. Според начинот на размислување и постапките на ликовите, многумина би рекле дека тие се луди! Но, кои сме ние да им судиме на луѓето? Што е навистина лудило и нели тоа се граничеше со генијалност? Дали денес сите ние не сме ли луди на еден или друг начин? Мисијата на фамилијата Кепече да се ограби банка, е многу слична на детската мисија, да се гради куќа на дрво. На прв поглед изгледа многу едноставно, но по пат излегуваат многу непланирани проблеми. Во оваа претстава ќе уживаме во инвентивноста на ликовите, па можеби тоа ќе поттикне поинаков пристап кон проблемите во нашите животи.
Човекот секогаш се бори за својата егзистенција и го бара своето место под сонцето. Начинот на кој тој тоа го прави понекогаш е комичен, а на нас ни останува само да се опуштиме и да уживаме во возењето.
Можеби и ќе научиме нешто!
Играат: Лазе Манасковски,Марија Кондовска,Гоце Тодоровски,Симон Манасковски,Катерина Шехтанска – Лаковски,Калина Наумовска.

20. февруари „Љубовници“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Со само три урми дневно ќе се заштитите од многу болести

Шеќерот од урмите е најсоодветен за вашите дечиња бидејќи најлесно се вари. Експертите советуваат да …